Трамп: Евентуална војна со Иран не би траела долго

Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

САД би биле во силна позиција во случај на војна со Иран, а евентуален конфликт, кој не би вклучувал копнени сили, не би траел долго, изјавил претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп, сепак, изрази надеж дека воопшто и нема да дојде до војна.

Ние сме во многу силна позиција, во случај нешто да се случи. А тоа не би требало долго, можам да ви кажам – рече Трамп и додаде дека во нападот не би биле вклучени компени сили.

Иранските медиуми од порано денеска инфромираа дека Рохани упатил порака до Макрон дека „неговата земја не сака војна со никого, па ниту со САД“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот