Трамп: Експлозијата во Бејрут била предизвикана од некој вид бомба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку 78 лица, е предизвикана од „некој вид бомба”.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

– Се сретнав со некои од нашите големи генерали и изгледа дека тие мислат дека тоа не е настан предизвикан од некаква фабричка експлозија … Се чини дека тие мислат дека станува збор за напад. Тоа било еден вид бомба, рече Трамп.

Неколку либански официјални лица претходно изјавија дека експлозијата во магацин во пристаништето во Бејрут најверојатно била предизвикана од 2.750 тони амонијак, кој таму се чувал неколку години без безбедносни регулативи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот