Трамп: Eдинствената работа што Обама и јас имаме заедничко е дека двајцата имавме чест да го отпуштиме Матис

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека бил почестен што во 2018 година го отпушти поранешниот секретар за одбрана Џејмс Матис и дека тоа веројатно била единствената заедничка работа што ја имал со поранешниот претседател Барак Обама.

Тој тоа го напиша на Твитер по повод изјавата на Матис дека Трамп сака да ги подели САД и осудата по повод најавата за употреба на армијата како одговор на граѓанските немири.

Трамп рече дека му дал нов живот на Матис, и дека наместо да ги прави вистинските работи и „да води победнички битки”, тој „дома ретко носел сланина”.

“Веројатно единствената работа што Барак Обама и јас имаме заедничко е дека двајцата имавме чест да го отпуштиме Џејмс Матис, најпреценетиот генерал во светот. Ја побарав негова оставка и се чувствував одлично заради тоа. Неговиот прекар беше „хаос “, што не ми се допадна и го сменив во „бесното куче”.  Ми беше мило што си замина”, напиша Трамп на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот