Трамп е првиот претседател кој ќе „маршира за живот“

Фото: Facebook

Собирот „Марш за живот“ се организира секоја година од 1973 година, кога Врховниот суд донесе пресуда со која е легализирано прекинувањето на бременоста во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп утре во Вашингтон ќе учествува во „Маршот за живот“, со што ќе стане првиот американски претседател кој се придружил на годишниот собир против правото на абортус.

– Претседателот Доналд Трамп ќе биде првиот претседател во историјата во „Маршот за живот“ – објави Белата куќа на Твитер, додека претседателот на истата социјална мрежа порача: „Се гледаме во петок“.

Претседателката на движењето рече дека ќе ѝ биде голема чест што на собирот ќе учествува претседателот на државата.

Собирот „Марш за живот“ се организира секоја година од 1973 година, кога Врховниот суд донесе пресуда со која е легализирано прекинувањето на бременоста во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот