Трамп до Иран: Внимателно со заканите, можат да ви се вратат и да ве гризнат

Фото: EPA / Shawn Thew

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да биде „внимателен со заканите” откако иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека Техеран ќе го зголеми збогатувањето со ураниум над дозволената граница од нуклеарниот договор во 2015 година.

„Иран издаде ново предупредување: Рохани вели дека ќе го збогати ураниумот колку што сака ако нема нов нуклеарен договор“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:

„Внимателно со заканите, Иран. Тие можат да ви се вратат и да ве гризнат како што никој никогаш не ве гризнал”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот