Трамп: Џулијани беше вистинската личност за работата со Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја бранеше својата одлука од личниот адвокат Руди Џулијани да бара да работи на случајот Украина.

Еден ден откако беа завршени јавните сведочења во одборот за разузнавачки прашања на Претствничкиот дом на Конгресот, Трамп во емисијата „Fox and friends” кажа дека на Џулијани му рекол да се позанимава со проблемот на корупцијата во Украина бидејќи ја ужива репутацијата на голем борец против криминалот, пренесоа британските медиуми.

-Руди Џулијани е еден од најголемите борци против криминалот на сите времиња – рече Трамп за поранешниот градоначалник на Њујорк.

То кажа и дека Украина е позната како корумпирана земја и дека Џулијани бил вистината личнист за таа работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот