Трамп: Демократите се обидуваат да му нанесат штета на Сандерс

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека демократите кои не сакаат Берни Сандерс да ја добие претседателската номинација од својата партија се обиделе да му нанесат штета.

Тие, според наводите на Трамп, го направиле тоа со објавување на разузнавачки податоци од доверлив конгресен брифинг за тоа Москва да го промовира Сандерс.

На пресконференција за новинари во Индија, Трамп го забележал напредокот на Сандерс во трката, оценувајќи дека тој е многу успешен и дека изгледа оти тој победува, пренесе „АП“.

Трамп за објавувањето на информации за Сандерс го обвини пратеникот од Калифорнија, Адам Шиф, кој инаку е претседател на Одборот за разузнавачки служби на Претставничкиот дом. Шиф ги негираше овие обвиненија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот