Трамп: Човекот кој му помогнал на свиркачот личи на шпион

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека човекот кој му помогнал на свиркачот, кој го обвини за злоупотреба на власт со цел политичка корист, личи на шпион кој извршил предавство. Тоа според американски медиуми се казнува со смрт. Весникот Лос Анџелес тајмс објави за тоа откако се здобиле со записи за коментарот на претседателот.

Изјавата на Трамп за скандалот била дадена при приватен разговор со американски дипломати и нивни семејства што се одржал во американската мисија во ОН во Њујорк. Трамп нагласил дека свиркачот не знаел за случјот од права рака, туку добил информација од друг.

– Кој е човекот што ја дал информацијата? Зошто тој ми изгледа како шпион? Знаете каква навика имавме на времето кога бевме умни, нели? Шпиони и предавство? Порано се однесувавме малку поразлично од сега – рекол Трамп.

Тие зборови на Трамп, објавени од весникот Лос Анџелес, предизвикаа реакција на тројца претседатели на комитети во Претставничкиот дом, демократите Елиот Енџел од Њујорк, Адам Шиф од Калифорнија и Илајда Камингс од Мериленд во заедничката изјава да кажат дека „Закани за насилството од страна на лидерот на нашата земја има застрашувачки ефект врз целиот процес на откривање, со сериозни последици за нашата демократија и националната безбедност”. Тројцата претседатели соодветно на Комитети за внатрешни работи, разузнавање и контрола на Претставничкиот дом.

Свиркачот кој поднесе жалба за телефонскиот разговор на Трамп со украинскиот шеф на државата володимир Зеленски, е службеник на ЦИА кој во одреден момент бил запознат со работите во Белата куќа, објави Њујорк тајмс.

Според весникот, свиркачот бил распореден да работи во Белата куќа, но откако поднел жалба се вратил во ЦИА. Весникот нагласува дека врз основа на формулацијата на жалбата, може да се заклучи дека тој добро ја познава украинската политика.

Адвокатите на службеникот на ЦИА, истакнуваат дека објавување информации за него би било опасно и дека тој има право на анонимност.

Уредникот на Њујорк тајмс, Дин Баке ја бранеше одлуката на весникот да објави информации за свиркачот истакнувајќи дека неговата улога е клучна за да се разбере едно од најважните прашања со кои се соочува државата – дали претседателот ја злоупотребувал моќта и дали Белата куќа тоа го криела.

Извештајот на весникот досега го потврдиле три извори и е најдетален опис на инсајдерот чиј идентите допрва треба да биде објавен, нагласува Њујорк тајмс.

Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД во четвртокот објави извештај на свиркачот, од каде ја отстрани назнаката за доверливост, во кој се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп ја искористил својата позиција за да повика на мешање на странска државата во претседателските избори во 2020 година. Во жалбата свиркачот напишал дека во рамките на своите задолженија дознал дека Трамп ги злоупотребил своите претседателски надлежности за „да издејствува мешање на друга земја во изборите на САД во 2020 година”. Тоа се гледа од настојувањата на Трамп до раководството на Украина да истражува за активностите на Хантер Бајден, син на неговиот политички противник, Џо Бајден. Од транскриптот се дознава дека Трамп бара од украинскиот претседател да започне истрага за наводна корупција во семејството Бајден.

„Ова е противзаконско дејство и изневерување на претседателската заклетва“, обвинуваат демократите, а со цел „да се нашети на политички противник”.

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е меѓу водечките кандидати на Демократската партија за номинација за следните претседателски избори во 2020 година.

Извештајот беше лишен од неговата тајност и објавен од Комитетот за разузнавање по неколку недели контроверзии, што и помогнаа на спикерот на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, да покрене формална истрага за тоа дали треба да се отповика претседателот Доналд Трамп.

За само 24 часа откако во вторникот Пелоси објави почнување истрага за импичмент, предизборната кампања на Трамп собрала пет милиони долари од онлајн донатори. Во последните две донаторски пројави се собрани соодветно пет и три милиони долари.

Трамп на Твитер објави дека најдобар доказ за негова невиност за случајот е самата изјава на Зеленски дека тој не вршел притисок врз него за време на разговорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот