Доналд Трамп разговара на телефон / Фото: Profimedia

Трамп бара преговори со Русија и Кина за контрола на нуклеарното оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ги обнови преговорите за контрола на нуклеарното вооружување со Русија и Кина и се надева дека трите земји на крајот би можеле да постигнат договор за намалување на нивните воени буџети за половина.

Трамп вчера во Белата куќа изјави дека не гледа потреба од создавање ново нуклеарно оружје, бидејќи САД веќе поседуваат голем арсенал, истакнувајќи дека сите три земји би можеле да заштедат огромни ресурси кои би можеле да се искористат за попродуктивни цели.

„Немаме причина да правиме ново нуклеарно оружје, веќе имаме толку многу. Можеме да го уништиме светот 50 пати, 100 пати. И сега правиме ново нуклеарно оружје, додека тие (Русија и Кина) исто така прават нивно“, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот