Трамп бара повеќе пари од Јужна Кореја за заштита

Фото: Принтскрин

Американскот претседател Доналд Трамп потврди дека Јужна Кореја се согласила да им плати на САД „многу повеќе” за заштита од Северна Кореја. На Твитер Трамп напиша дека почнале разговори за зголемување на исплатата.

„САД со децении биле платени многу малку”, напиша Трамп. Тој додава дека лани „Јужна Кореја платила 990 милиони долари”.

Пред половина година Сеул и Вашингтон потпишаа договор со кој Сеул треба да зголеми финансиски придонес за распоредените американски трупи на своја земја. Договорот е Сеул да плати најмалку 924 милиони долари во 2019 година за американското воено присуство. Лани Јужна Кореја платила 830 милиони долари.

САД во Јужна Кореја имаат 28.500 војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот