Трамп бара од демократските конгресменки да им се извинат на САД и Израел

Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп  денеска повторно ги нападна четирите демократски конгресменки кои ја критикуваа неговата политика, повикувајќи ги да им се извинат на САД и Израел.

-Не верувам дека четирите конгресменки се способни да ја сакаат нашата земја. Треба да им се извинат на САД и Израел за ужасните работи кои ги кажаа, полни со омраза, напиша Трамп на Твитер, а пренесоа британските медиуми.

Американскиот претседател предизвика бурни реакции кога минатиот викенд на Твитер напиша дека четири конгресмнеки, од кои три се родени во САД,  треба да „се вратат во уништените и со криминал опустошени места од кои дошле”.

Американскиот Конгрес остро ја осуди изјавата на Трамп за демократските конгресменки како „расистички коментар што го озакони и зголеми стравот и омразата кон новите Американци и припадниците на другите раси”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот