Трамп бара ново судење за сексуалниот напад врз Џин Керол, не му се плаќаат пресудените пет милиони долари отштета

Доналд Трамп/ Фото: ЕПА

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара ново судење за граѓанската тужба која против него ја поднесе писателката и новинарка Џин Керол, со обвинување дека Трамп ја силувал пред 27 години. Њујоршкиот суд минатиот месец пресуди дека поранешниот претседател е виновен за сексуален напад и за клеветење и јавно омаловажување на Керол.

Поради тоа што случајот беше граѓански, Трамп не можеше да биде осуден на затворска казна, но судот му наложи да ѝ плати на писателката отштета од пет милиони долари.

Со пресудата од 9 мај, Трамп практично беше законски етикетиран како сексуален предатор.

Поротата расправаше помалку од три часа. Не беше утврдено дека Трамп ја силувал Керол, но дека тој е одговорен за сексуален напад.

Во интервјуто што го даде еден ден по пресудата, Керол рече дека е „обземена од радост не само за себе, туку и за сите жени во земјата“.

Трамп осуден за сексуален напад, мора да ѝ плати пет милиони долари на жртвата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот