Трамп бара Гугл да се ТУЖАТ заради Клинтон – ВИДЕТЕ колку гласови компанијата обезбедила за ривалката на американскиот претседател (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Бившата американска државна секретарка Хилари Клинтон ги изгуби претседателските избори во 2016-та година каде се кандидираше како демократски кандидат.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Гугл требале да биде тужени после извештаите за наводната манипулација од милион гласови во корист на Хилари Клинтон во 2016. Трамп не го наведе извештајот во прилог на неговата оптужба, туку на својот твит ја повика надзорната група Џудишал Воч.

Изјавата доаѓа откако Трамп во јули изјави дека односот на Гугл спрема Кина може да претставува проблем за националната сигурност на САД и вети дека ќе открие било каков потенцијален проблем.

На 16-ти мај Трамп ја додаде компанијата Хјуавеј и нејзините 70 застапништва на црната листа, со што ја ограничи нивната работа во земјата. Од американските компании се бара да добијат дозвола за да работат со оваа фирма.

Како резултат на тоа, Гугл ја запре соработката со Хјуавеј, вклучувајќи и преносот на хардвер, софтвер и технички услуги, освен оние кои се јавно достапни по пат на лиценца на отворен код.

За време на изборите во 2016-та година, Трамп ја победи Клинтон и стана 45-тиот американски претседател и покрај тоа што неговиот демократски ривал освои скоро 3 милиони гласови повеќе.

Во јули Трамп рече дека „во потполност размислува“ за повторна кандидатура во 2020-та година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот