Трамп: Бајден треба да ја докаже законитоста на добиените гласови

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Твитер порача дека новоизбраниот претседател, Џо Бајден, може да влезе во Белата куќа ако докаже дека гласовите на избирачите ги добил на законски начин. 

-Бајден може да влезе во Белата куќа како претседател ако можа да докаже дека неговите смешни „80 милиони гласови” не биле добиени измамнички или незаконски. Кога гледате што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија и Милвоки, огромна изборна измама, тој има голем и нерешлив проблем, напиша претседателот на САД на Твитер. 

Трамп синоќа изјава дека ќе се повлече од функцијата ако колеџот на електори изгласа за демократот Џо Бајден. Веднаш потоа тој коментираше дека изборите во САД биле фалсификувани.  

Седницата на гласање на колеџот на електори за официјална потврда за победник на претседателските избори на ниво на САД, неофицијално прогласен е демократот Бајден, е закажана за 14 декември. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот