Трамп: Бајден не е бесно куче, донекаде е подобар од тоа

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за неговиот политички ривал Џо Бајден дека е „нешто подобар од бесно куче”.

Трамп на Твитер напиша во порака до лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун дека демократскиот кандидат за претстојните претседателски избори е „можеби поспан и многу бавен”, но не и „бесно куче” и е „нешто подобар од тоа”. На тој начин тој одговори на вчерашната оценка на државната севернокорејска новинска агенција КЦНА дека поранешниот американски потпретседател е „бесно куче кое треба со стап да се претепа до смрт”.

Трамп му порача на Ким дека тој е единствениот кој „може да го доведе таму каде што треба да биде” и го повика да дејствува брзо и да дојде до договор. Твитот завршува со зборовите „Се гледаме наскоро”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот