Трамп: Американските Евреи кои гласаат за демократи не се лојални граѓани на САД

Активисти, политичари и други припадници на еврејската заедница во САД жестоко реагираа на вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека „секој американски Евреин кој гласа за демократи или не знае апсолутно ништо или искажува нелојалност”.

Трамп ја даде изјавата откако беа објавени резултати од анкетата која покажа дека мнозинството Евреи во САД се сметаат за демократи.

Сенаторот Берни Сандерс, кој е претенден за кандидат за претседател од редовите на Демократската партија, изјави дека себе се смета за „горд Евреин, кого ни најмалку не го загрижува тоа што ќе гласа за демократи”. Алудирајќи на себе, тој рече дека „на следните избори ќе гласа за човекот за кој сака да стане првиот еврејски претседател на САД”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот