Трамп: Американската полиција не се третира правилно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската полиција „не е третирана правично” и застана во одбрана на белиот полицаец кој е обвинет за убиство на Афроамериканец.

Полицаецот од Атланта, Герет Ролф, вчера е обвинет за убиство на  Афроамериканецот Рајшард Брукс, бидејќи му пукал в грб  и, згора на тоа, го удирал веќе легнатиот 27-годишен маж.

Смртта на Брукс доаѓа по помалку од три недели од убиството на Џорџ Флојд, кој во Минеаполис девет минути беше држан со колено на вратот повторно од бел полициец , што потоа предизвика национални немири и протести против полициската бруталност низ целата земја, и во другите земји од светот.

-Мислев дека е ужасна ситуација, но не можете да му се спротивставувате  на полицаец, изјави Трамп за смртта на Брукс во интервју за „Фокс њуз”.

Претседателот, исто така, кажа дека „ кај нас кон полицијата не се постапува правилно”.

-Но, повторно ќе кажам, вие не можете на тој начин да му се спротивставите на полицаец. И на крајот  влегоа во многу страшно несогласување и видовте како тоа заврши. Многу лошо. Многу лошо, рече Трамп.

Во врска со смртта на Флојд американскиот претседател изјави дека не можел да го догледа речиси деветминутното видео од неговата смрт.

-Кој може тоа да го гледа? запраша тој.

Трамп во вторникот издаде наредба за подобрување на постапувањето на полицијата, повикувајќи на забрана за опасни зафати при  приведувања, но не одговори на барањата од националните протести против расизмот и бруталната полиција.

Критичарите, вклучувајќи ја и претседателката на Долниот дом на Конгресот, Нанси Пелоси, директно ги исмеаја неговите напори.

Но Трамп не им остана должен на демократите за време на интервјуто на „Фокс њуз”, потенцирајќи дека „ тие не прават ништо и тие сакаат да се неутрализираат, сакаат да ги отстранат, тие сакаат да ги отстранат полициските оддели”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот