Трамп: Америка стана земја од третиот свет

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и САД, изјави Доналд Трамп, изразувајќи загриженост дека другите земји во светот повеќе не го почитуваат и не го слушаат Вашингтон.

„САД стана земја од третиот свет на многу начини. Ние сме на многу начини земја од третиот свет. Ние сме земја чија економија заостанува, чии синџири на снабдување се нарушени, чии продавници не се полни, чии пакети не стигнуваат до адреси и чиј образовен систем е на дното на која било листа, рече поранешниот американски претседател Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин, пред неколку месеци кажа дека руската специјална воена операција во Украина го означи почетокот на колапсот на американскиот светски поредок и транзицијата кон вистински мултиполарен свет, што нема да се темели на либералниот глобалистички егоцентризам на САД, туку на вистинскиот суверенитет на народот.

-Подзастнатата економија, проблемите со храната и лошото образование ги направија САД земја од Третиот свет, изјави Трамп, според кого главниот проблем на САД е губењето на авторитетот во светската заедница.

Според Трамп, Америка стана земја која повеќе не ја почитуваат и слушаат во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот