Трамп-алармот ја турка ЕУ кон забрзана заедничка одбрана

Фото: EPA / Ian Langsdon

Европските нации ќе мора да надоместат во трошоците за одбраната по победата на изборите во САД на Доналд Трамп кој е скептичен за НАТО, пишува магазинот Политико.

Имено, како што наведува бриселскиот портал веќе е постигнат значителен напредок во таа насока а тоа го потврдија со изјави во средата министрите за одбрана на Франција и Германија, земји кои се највлијателни во Алијансата но и во Европа.

„Со оглед на тоа што политичкиот поглед на новиот американски претседател се разликува од оној на неговите претходници, ние треба да управуваме со оваа ситуација, да се подготвиме за неа и да ги нагласиме напорите што веќе ги правиме“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за новинарите по средбата со неговиот француски колега Себастиен Лекорну, по големата победа на Трамп.

– Вниманието на Вашингтон најверојатно ќе се насочи повеќе кон Индо-пацифичкиот регион каде што Кина се смета за клучен стратешки ривал. Со тоа, САД ќе можат да направат помалку за Европа. Треба да ја пополниме оваа празнина за да бидеме покредибилни во смисла на одвраќање – додаде тој.

Неговите коментари дојдоа само неколку часа пред да пропадне германската коалиција во средата навечер. Писториус е член на централно-левичарската Социјалдемократска партија на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Двајцата министри се состанаа во Париз во средата навечер на барање на Писториус за да разговараат за последиците од реизборот на Трамп, бидејќи потенцијалните последици од неговата победа за безбедноста на Европа и иднината на НАТО се огромни, наведува Политико.

Претходно во средата, францускиот претседател Емануел Макрон разговараше за војната во Украина и за ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток со новоизбраниот претседател на САД.

За време на неговиот прв мандат, Трамп често ги обвинуваше европските нации за оптоварување на американската воена моќ и за недоволно трошење на одбраната, а критиките беа особено насочени кон Германија.

Трамп во еден момент дури рече на кампањата дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја земја-членка на НАТО која нема да ги исполни своите финансиски обврски кон одбраната на Алијанса.

И двајцата министри чии земји ја постигнаа целта на НАТО да трошат 2 отсто од БДП за одбраната сакаат да го покажат својот соодветен придонес за безбедноста на Европа.

Во случајно темпиран чекор неделава, германскиот кабинет ги потпиша и плановите за воведување форма на масовно регрутирање за доброволна воена служба почнувајќи од 2025 година.

Францускиот министер Лекорну во исто време ги повика европските земји да продолжат со напорите за повторно вооружување на своите армии, кои се соочуваат со големи буџетски ограничувања во тој поглед.

Како што наведува Политико францускиот министер за одбрана рече дека Париз ќе се заложи за НАТО да ги разгледа потешките околу воени придонеси на сојузниците  за модернизација на своите армии, мислејќи тука за купување на воени авиони, воени бродови и модернизации на војските.

Двајцата министри ги повикаа европските нации да останат и обединат најавувајќи дека наскоро ќе ги поканат нивните колеги од Италија, Полска и Велика Британија да се состанат и да разговараат како да се продолжи со цел „да се зајакне европскиот суверенитет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот