Трамп: Ако Турција направи нeшто надвор од границите, целосно ќе ја уништам нивната економија

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „ќе ја уништи економијата на Турција доколку Анкара направи нешто во Сирија, за кое тој во својата “голема и неспоредлива мудрост”, ќе се сфати дека е дејствување „надвор од границите”, пренесе ДПА.

Вонредното предупредување на Трамп кон својот сојузник во НАТО беше упатено веднаш откако Белата куќа го соопшти повлекувањето на американските војници од турско-сириските гранични реони.

Со оваа одлука Вашингтон се чини дека на Анкара и даде зелено светло да ги нападне Курдите, и покрај тоа што тие војуваат заедно со американските сили против блискоисточната терористичка група Исламска држава во Сирија.

Последните твитови на Трамп доаѓаат на одгласите за бурни критики од редица негови соработници во Републиканска партија „за тоа дека ги предал Курдите”.

„Ако Турција направи нешто што јас по своја голема и неспорделива мудрост го сметам за надвор од границите, целосно ќе ја уништам турската економија (што сум го правел и претходно!)”, напиша американскиот претседател на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот