Трамп: Ако повторно сум избран за претседател, ќе ги помилувам учесниците во упадот на Капитол

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година, пишува Вашингтон Пост.

Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.

„Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари”, рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот.

„Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно”, нагласи поранешниот американски претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот