Трамп: Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде негов официјален крај

EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно му се закани на Техеран со твит во кој наведува дека актуелниот конфликт ќе биде „официјален крај” на Иран.

– Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД, напиша Трамп на Твитер.

Во исто време Ријад, кој нагласи дека не сака војна, го обвини Иран дека стои зад нападите со дронови на две нафтени постројки во Саудиска Арабија, за кои одговорноста ја презедоа Хутите во Јемен, кои се поврзани со Иран.

Новите закани кон Иран доаѓаат после вчерашниот напад со ракети во багдадската Зелена Зона, каде се наоѓаат зградите на државните органи и странски амбасади.

Иран негираше дека учествувал во кој било од овие инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот