Трамп ѝ нареди на војската да се повлече, но не и да ја напушти Сирија

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп им наложил на сите американски војници кои се на северот на Сирија да тргнат кон југот на оваа земја, но не и да ја напуштат земјата на Блискиот Исток.

Еспер во изјава за американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес истакна дека судирот меѓу турските сили и курдските борци кои претходно беа поддржани од САД, станал „неодржлив“ за американските војници.

Американскиот министер додаде дека од Трамп добил директиви за повлекување на американските војници од северот на Сирија, но не било побарано тие целосно да ја напуштат сириската тероиторија.

Еспер не ја прецизираше бројката на американски војници кои ќе го напуштат северот на Сирија, но додаде дека Курдите ќе се договорат со сириските сили и со Русија за евентуални контранапади кон турските и протурските сили.

Турција во средата започна офанзива против курдските сили на североистокот на Сирија, бидејќи смета дека тие сили се терористички. Од друга страна, Курдите со поддршка од САД се бореа против џихадистите на Исламска држава, и се едни од најзаслужните за падот на калифатот на џихадистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот