Тракторист загина во сообраќајката кај Трапчин Дол

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Несреќата се случила кога сега починатиот управувајќи трактор излегувал од селски пат за да се приклучи на магистралниот пат Кичево – Гостивар.

Во сообраќајката што утрово околу 9.30 часот се случи кај Трапчин Дол на патот Кичево – Гостивар, загина тракторист роден во 1959 година од кичевското село Грешница.

Несреќата се случила кога сега починатиот управувајќи трактор излегувал од селски пат за да се приклучи на магистралниот пат Кичево – Гостивар.

Во тој момент во него удрило патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од возач од кичевското село Зајас, роден во 2000 година.

Димоски додаде дека увидот на местото на несреќата е завршен и сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар е нормализиран. Тој беше целосно во прекин од 9.50 до 12.10 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот