Тракторист загина во Арачиново во страотен судир со автомобил

Тешка сообраќајна несреќа во Арачиново / 6 октомври 2021 / фото: Pacensure.com

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот во скопското село Арачиново, каде се судриле автомобил и трактор, а според полицијата, загинал возачот на тракторот, објави порталот Pacensure.com.

На локалниот пат од населбата Ченто кон Арачиново, се случи незгода во која учествувале трактор управуван од С.С. (1959) од селото Арачиново и автомобил „Голф“ управуван од М.Д. (1993) од Арачиново, велат од полицијата.

„Во несреќата, лицето со иницијали С.С. претрпело повреди и било пренесено во Ургентниот центар на клиниките „Мајка Тереза“, каде лекар ја утврдил смртта“, информираат од МВР, додавајќи дека се работи на утврдувањето на причините поради кои се случила сообраќајната несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот