Трајковски: Зајакната сигурноста за мирна ноќ на жителите во Тработивиште

Фото: Влада на РСМ

Педесетина припадници на Армијата вечерва ќе бидат стационирани во селското училиште во делчевското село Тработивиште, со цел селаните да бидат сигурни дека огнот кој попладне се распламти и упати во правец кон Тработивиште нема да влезе во селото.

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски брифираше дека е направен појас со машини и багери, со што дополнително ќе биде зајакната сигурноста на жителите.

– Со тоа се надеваме дека нема да влезе огнот во селото за да направи поголеми последици овде и по луѓето и по нивните куќи и имоти. Освен 50-ина луѓе од Армијата, кои се стационирани во училиштето, имаме две цистерни од Територијалната противпожарна единица од Делчево кои ќе дежураат овде. Имаме и помош од гранична полиција каде што има танкови со вода за да може да се врши дополнување со вода, иако овде има хидрант за дотур на цистерните за населението во селото Тработивиште да се чувствува сигурно во текот на ноќта, рече Трајковски.
Нагласи дека е побарано и за утринските часови веќе има одобрено хеликоптерска поддршка, со цел да биде изгаснат огнот над селото.

Во однос на помошта од територијалните противпожарни единици од Словенија и од Бугарија, Трајковски додаде дека биле на терен до 20 часот, по што, како и претходните вечери, ќе бидат стационирани околу селото. Во случај на екстремни потреби, изрази уверување дека ќе се вклужат напомош и дека ќе ја следат ситуацијата во Тработивиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот