Александар Трајковски, македонскиот репрезентативец и воедно играч на шпанскиот клуб Мајорка во интервјуто за српскиот „hotsport.rs“ откри за кого навива во Лигата на шампионите, а и кои се најдобрите играчи со кои носеше дрес на иста екипа.
Нашиот напаѓач успеа со А селекцијата да оствари историски успех, пласман на наредното Европско првенство, но тука соништата не запираат за екс играчот на Палермо, Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55.
– Чувството е неописливо! Сонот на секој фудбалер е еден ден да биде дел од такво големо натпреварување. Драго ми е што сум дел од генерацијата која успеа да ја однесе репрезентацијата на Европското првенство за првпат во историјата и горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ. Мислам дека имаме голем квалитет. Исто така верувам дека ќе бидеме убаво изненадување на Европското првенство – рече Трајковски.

Еве кои се амбициите на неговиот клуб Мајорка оваа сезона..
– Амбициите на клубот се годинава да се вратиме во „Ла Лига“, на добар пат сме тоа и да го оствариме. Што се однесува до личните амбиции, тоа е секако враќање со Мајорка во најквалитетниот ранг на натпреварување и повторно бидам дел од една од најсилните лиги во Европа – додаде македонскиот репрезентативец.
Тројцата најдобри играчи со кои ја делеше соблекувалната и носеше ист дрес..
– Франко Васкез со кој поминав две години во Палермо, моментно настапува за Севиља. Александар Седлар, мој сегашен соиграч, кого го сметам за еден од најдобрите дефанзивци во лигата и секако Горан Пандев! Тој е жива легенда на македонскиот фудбал и мој соиграч од репрезентацијата.
На прашањето за кој навива во Лигата на шампионите..
– Најубав фудбал игра Ливерпул. Верувам дека тие оваа година ќе ги оправдаат моите очекувања и ќе успеат да дојдат до шампионската титула.
Македонија и официјално во четвртиот барабан во квалификациите за СП 2022
Српската репрезентација не успеа да се најде на континенталниот собир..
– Жал ми што и Србија не успеа да се пласира на ЕП. Имаат играчи кои настапуваат во големи клубови ширум Европа. Се надевам дека и Македонија и Србија ќе успеат да се пласираат на Светското првенство 2022 година – вели Трајковски.
Кога сме веќе кај Мундијалот кој ќе се одржи во Катар, жрепката за евроквалификациските групи ќе се одржи на 7 декември 2020 година.