Трајковски си заминува од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци

фото: Plusinfo.mk

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Тој за Плусинфо не сакаше да открие детали зошто година и пол пред да му истече мандатот во ДЗЛП ја напушта функцијата. На наше прашање дали ќе оди на друга функција, Трајковски вели:

– Да почекаме да заврши ова, па ќе видиме.

Инаку Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот