Трајковски: Сакаме да играме на ЕП, ќе биде неизвесно против Естонија!

Фото: kfsm.mk

Најдобрите македонски кошаркари и стручниот штаб вчера се тестираа на ковид-19 вторпат пред отпочнување на тренажниот процес, оној во Скопје.

Сите добија негативен резултат, а искусниот играч Бојан Трајковски очекува позитивен резултат – од натпреварите кои ќе се одржат во „балонот“ во Талин.

И покрај двата стартни порази во квалификациите за пласман на наредното Европско првенство во 2022 година, селекторот Александар Тодоров вели амбицијата секогаш постои.

– Сите се тестиравме, моментално сме негативни, а по следното тестирање кое ќе биде последно ќе знаеме кој ќе замине за Талин. На следните два меча сакаме да ги надополниме двата порази од претходниот „прозорец“.

Сите посакуваме позитивен резултат, затоа што сакаме да играме на Европското првенство. Што се однесува до Естонија, јас не играв на првиот меч, но го гледав дуелот и можам да кажам дека ќе биде доста неизвесно. Предност им е домашниот терен. Без разлика во какви состави ќе играат ривалите, ние сакаме да победиме. Тоа е нашата цел – се зборовите на нашиот репрезентативец Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот