Трајковски: Против Холандија ќе се обидеме да ја израдуваме цела Македонија

Александар Трајковски потпишал договор на 18 месеци со Ал-Фајха/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го доживеа и вториот пораз на дебитантскиот настап на Евроските првенства, од Украина со 2:1, но одгра одлично второ полувреме. Фудбалерите ги притиснаа Украинците, создаваа шанси, доминираа на теренот, но не успеаја да постигнат втор гол што ќе значеше реми. Еден од играчите кои внесе свежина во играта беше Александар Трајковски кој влезе на стартот од второто полувреме.

– Во првото полувреме сакавме со иста мотивација како и на дуелот со Австрија да дојдеме до победа. Но, мора да бидеме искрени и да кажеме дека Украина беше подобра. Во второто полувреме видовме дека можеме да се вратиме во игра, имавме шанси, но не ги искористивме –рече Трајковски.
Македонија во последното коло ја очекува натпревар со Холандија во Амстердам, а Трајковски најавува офанзивна игра.
– Искрено се надевам дека ќе играме како во второто полувреме од самиот почеток и да не чекаме да поченеме од негатива. Видовме дека сме спремни и веќе немаме што да изгубиме. Одиме да играме за цела Македонија и да се обидеме да донесе радост. Играме против една голема репрезентација како Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот