Трајковски:  Притисокот е врз Италија, немаме што да загубиме

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија  ги продолжува подготовките за полуфиналниот бараж натпревар против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.

Фудбалерите денеска патуваат за Палермо каде задутре ги очекува дуелот против актуелниот европски шампион. Натпреварот во Палермо ќе биде емотивен за напаѓачот Александар Трајковски бидејќи мина четири години од својата кариера токму во Палермо.

– Поминав прекрасни четири години во Палермо. Среќен сум што се враќам во градот и што ми се укажува шанса за настап. Ова е многу важен натпревар, но ние покажавме дека можеме да оствариме одлични резултати и дека играме добар фудбал. Притисокот е врз Италија, ние немаме што да загубиме. Храбро и без страв да покажеме дека можеме да одиме понатаму – вели Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот