Трајковски: Навивачите на Мајорка нешто очекуваат од мене!

Фото: twitter.com/FutbolMallorca

Нашиот интернационалец кој има договор до 30 јуни 2023 година, и натаму ги чека моментите кога конечно ќе блесне во дресот на шпанскиот клуб…

Во својата прва сезона Александар Трајковски во дресот на Мајорка досега има осум натпревари, без ниту еден погодок.

До крајот на сезоната во „Ла Лига“ неговиот клуб има уште девет натпревари, вечерва од 19.30 часот е домаќин на Леганес.

На табелата екипата моментно е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со 25 бодови, но не така далеку зад засега безбедните Еибар (28) и Селта Виго (27).

Нашиот интернационалец кој има договор до 30 јуни 2023 година, и натаму ги чека моментите кога конечно ќе блесне во дресот на Мајорка, а секако тоа е многу важно да биде во добра голгетерска форма пред новите предизвици со најдобрата македонска репрезентација.

Годинава немав многу можности да играм. Кога не добивате шанси, не знаете дали ќе бидете дел од ритамот, тогаш е тешко. И натаму не сум бил стартер во првите 11, јас само ја чекам шансата да играм. Се надевам, за навивачите кои очекуваат нешто од мене, дека ќе придонесам. Ќе се обидам и ќе го дадам најдоброто од себе. Немам многу настапи, но и натаму сум многу фокусиран. Кога ќе ја добијам шансата, морам да се подобрам – рече Трајковски за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот