Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард- Слободен печат
ВестиЕкономија

Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард

Тој денеска поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за зашита на лични податоци.

Горан Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банката, oтакако поднесе оставка од фунцијата директор на Агенцијата за зашита на лични податоци.

Од досегашната функција, тој си заминува поради нова функција, а не дека се повлекува поради најавената „метла“ од владата.

„Апсолутно, нема врска со метлата. Ми кажаа дека медиумите пишувале дека има негативно мислење од Владата. Ако проверите, ќе видите дека мислењето за последниот поднесен извештај е позитивно во целост. Не би сакал повеќе да коментира, сакам само да се верификува оставката. Одам на друга функција“, вели Трајковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close