Трајковски: Јас и Бајиќ сме малку емотивни, си простивме еден на друг

Капитенот ги оцени од најмладиот до најстариот, сите имаат „десетка“/ /Фото: kfsm.mk

Македонската сениорска репрезентација ја надигра и победи Швајцарија, колку што беше потребно (67:61), за прво место во групата „Ф“ од претквалификациите за Светското првенство 2023 година.

Бојан Трајковски беше втор стрелец во денешниот триумф со 15 поени, додавајќи четири скока во својата статистика. Трајковски во еден момент пред крајот на првото полувреме влезе во конфликт со селекторот Драган Бајиќ, но сето тоа било во жарот на борбата.

– Секако дека сме задоволни сите, напорно работевме и испочитувавме сè што требаше да испочитуваме. Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист.

Швајцарија е една одлична репрезентација, со години наназад растат како национален тим, така што, на крајот добро е што резултатот заврши во наша полза и се реванширавме.

Со селекторот сме одлични, сите работи што се случија пред полувремето беа во жарот на борбата. Двајцата сме малку емотивни, сакаме да победиме. Си подадовме рака и си простивме еден на друг – рече капитенот Трајковски по одлично сработената задача на овој дуел со Швајцарија.

Крстевски: Ја броиме победата над Швајцарија, не кош-разликата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот