Трајковиќ: Тачи и Вучиќ цртаат карти на тајните состаноци

трајковиќ
Фото Газета Експрес

Поранешнaтa пратеничка на Косовското собрание од редовите на Српската заедница, Рада Трајковиќ, изрази уверување дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и на Србија, Александар Вучиќ, се сретнале тајно во различни земји од светот.

Зборувајќи за „Blic Interview“, Трајковиќ вели дека двајцата претседатели се сретнале во Ватикан, Париз и во САД, а според неа, во овие тајни состаноци се цртале и границите меѓу двете земји, пренесува Газета Експресс.

„Нема да каже ниту едниот ниту другиот. Вучиќ поотворено вели дека поделбата е негова идеја. Дачиќ сега не е моќен. Јас мислам дека се среќаваат премногу често (Тачи и Вучиќ) и ние знаеме малку за овие средби. Тие се среќаваат во Ватикан, Париз и Америка. Тачи тоа го негира, но има дипломатски извори дека тие работат многу за поделба. Дури и на овие тајни средби отвораат карти на маса и цртежи на границите“, рече Трајковиќ.

Таа рече дека картите на Тачи и Вучиќ се карти на страдање и уништување.

„Јас би ги нарекла карти на страдање и уништување“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот