Трајко Вељаноски не коментира зошто бил во ОЈО

Фото: МИА

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, денеска беше во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде вршел увид во доказите за предметот за „ 27 април“.

Вељаноски на излегување од обвинителството кусо изјави дека бил повикан и се одзвал на поканата од обвинителството, без да даде повеќе детали.

Вељаноски е обвинет дека е еден од организаторите на нападите во Собранието од 27 април 2017 година, заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски. Тие се осомничени дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Судот на предлог на Обвинителството, за Вељаноски побара притвор, но Собранието по низа процедурални забелешки не гласаше за одземање на неговиот пратенички имунитет.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот