Трајчева: Имаме доказ со кои ќе се докажат сите факти за случајот „Рашковски“

Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која постапува во предметот со ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е уверена дека има докази со кои ќе ги докаже сите факти наведени во обвинението.
– Во суштина станува збор за докази од кои ќе се докажат сите факти наведени во диспозитивот на обвинителниот акт, за секоја постапка посебно, како и за хонорарците, а и за кривичното дело перење пари – рече Трајчева.
Трајчева тврди и дека постапувањето во овој случај не е ништо поразлично од начинот на кој работело обвинителството и во останатите предмети.
– Постапувањето на обвинителството во овој предмет по ништо не се разликува од постапувањето по други предмети, а за кои има веќе правосилни судски одлуки, вклучувајќи и такви кои се познати на јавноста како „Рекет“ и „27 Април“ – изјави обвинителката.