Трајановски: Спомениците се проект на централната власт, не сум одобрил ништо

Дуелот меѓу сегашниот и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и Коце Трајановски се емитува вечерва на Канал 5 Телевизија, страстите меѓунив се разгореа штом се споменаа потрошените пари за проектот „Скопје 2014“.

Вредеше ли да се потрошат толку пари во тоа време за тој проект, упати прашање новинарката до Трајановски.

-Видете вака тој проект беше на централната власт. Не сум дал никаква дозвола, Град Скопје за што дава довола, се запраша Трајановски. За фасадите да, но за спомениците, нема врска- рече Трајановски.

Инаку фасадите ние ги правевме, а пет спомениции се донација од невладина организација, истакна Трајановски, за ништо не сум дал дозвола, дополни.

-Градот Скопје, само ги обезбедувавме и одржувавме, толку е на градот Скопје обврската- рече Трајановски.

На што Шилегов реагираше дека можело Трајановски да не ја одобри изведбата.

Се најавува дисколација на тие споменици, длаи ви е мило што досега не се отстранети, го запршаа новинарката Трајановски.

-Мене ми е мило што не се дислоцирани- одговори Трајановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот