Трајановски: На Шилегов му оставив полна каса пари и готова документација за проекти со кои сега се фали

Коце Трајановски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното интервју во емисијата „Филибастер“ на Радио Лидер рече дека кога заминал од градоначалничката функција на Град Скопје, оставил полна каса пари, како и потпишани договори за капитални проекти и проекти во тек на изградба, но и проекти кои во голем дел биле целосно завршени.

– Му оставив полна каса пари, 1,250 милијарди денари или околу 21 милион евра и дополнителни четири милиони евра што се побарувања од Владата за учеството во изградбата на спортската сала „Борис Трајковски“. Имаше потпишано договори за капитални проекти, му оставив проекти во тек на изградба, исто така околу 20 проекти во документација, во најголем дел целосно завршени, а одреден дел беа распишани тендери за тие проекти, вели Трајановски.

Трајановски смета дека дури сегашниот градоначалник Петре Шилегов и ништо да не работел, администрацијата ќе можела да ги заврши тие проекти, како што впрочем во овој период биле завршени.

– Во прво време велеше дека Трајановски не ми остави никакви проекти, па после извесно време рече да остави, но не се добри, на крајот излезе дека по тие проекти ги распиша тие тендери и ги заврши. Немаше шанси да ги заврши ако не беа тие проекти готови, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот