Трајанов: Здруженијата со имиња се неприфатливи за Македонците, тие мораат да се сменат

павле трајанов
Павле Трајанов / Фото: МИА

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во вечерашното гостување на „Жешко политичко лето“ на Канал 5 изјави дека власта е таа која треба да го отвори прашањето за немањето регистар на имиња кои не можат да се користат при регистрација на Здруженија на граѓани и други организации.

„Мислам дека одговорноста лежи кај државните институции кои дозволуваат регистрација на здруженија на граѓани со различни имиња кои апсолутно не се прифатливи за граѓаните, за јавноста, бидејќи се работи за поранешни соработници на Хитлер, на фашизмот, или, пак, во тоа време извршувале високи државни функции во Бугарија“, изјави тој.

Како што изјави Трајанов, се работи за една стратегија, добро осмислена од Бугарија која што практично го тестира јавното мислење на граѓаните на Македонија и смета дека ова прашање мора да се разреши.

„Власта нема на кого да кажува. Тоа прашање треба да го отвори, да го разреши, ако треба и законски измени да се донесат. Во секој случај оние здруженија што се регистрирани сега со имиња Цар Борис Трети, понатаму Ванчо Михајлов, Фердинанд, треба добро да се проучат од сите аспекти и да се бара промена на имињата. Мислам дека треба законската регулатива да биде со цел тоа да не се сфати дека ние работиме против правата на Бугарите во Македонија, што апсолутно не е точно. Ова се класични провокации према нашата држава, према македонскиот народ. Тоа треба да престане. Државата тоа треба да го сосече во корен“, објаснува Трајанов.

Тој додава дека „сите овие здруженија ќе мора да ги променат нивните имиња доколку сакаме да бидеме демократска држава и да ги почитуваме сите аспекти и вредности на ЕУ или во целина како човекови вредности“.

Запрашан дали појавата на овие здруженија е обид или подготовка за вметнување на Бугарите во уставот, лидерот на ДС одговори дека не станува збор за ништо такво, туку за класични провокации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот