Трајанов: Нема да учествуваме во новото парламентарно мнозинство, ќе се позиционираме како опозиција

Павле Трајанов/Фото: МИА

Демократски сојуз е на став дека нема да учествуваат во политичка влада со ново парламентарно мнозинство, туку ќе се позиционираат како опозициона политичка партија, изјави  Павле Трајанов претседател на Демократски сојуз во емисијата “Стадион“ во Радио Канал 77.

Трајанов вели сигурно треба нов процес, нови избори, ново усогласување за соработка со други политичи партии.

„Јас сум за лидерка средба на која ќе се дефинираат стратешките интереси на државата, понатаму каква влада ќе се формира, преодна влада, техничка, пржинска која што ќе има мандат да ја држи стабилноста на државата, да продолжи со најважните реформски процеси, да не ни ја затворат и натаму вратата за отпочнување на преговорите со ЕУ бидејќи има силни најави дека тоа ќе се случи во декември. Но независно од сите овие работи, велам мора сите овие интитуции да функционираат со полн капацитет, да преовладува разумното рационално однесување на сите лидери на партии, па и граѓаните во целина со цел да ја задржиме стабилноста на државата. Важно е како сето тоа ќе се одрази на бизнисот, стопанството, пандемијата, енергетската криза и многу други аспекти битни за перспективата на Македонија и како и на кој начин ќе се одвива целокупниот живот во оваа држава“, вели Трајанов.

Тој смета дека сега треба се работи за непринципиелните коалиции, смета дека немаат исти стратешки цели.

„Едни таму се за ЕУ, други се за Русија, трети за Кина и итн. Таму имаме една кохабитација помеѓу сите овие структури кои се крајно непринципиелни и не е во интерес на Македонија. Но ДУИ е долго време на власт, и мислам дека кредибилитетот го топеше и ДУИ на СДСМ веројатно и на другите партии, но тие пак имаат најголема поддршка од гласачкото тело“, истакна Трајанов.

Видео на денот