Трајанов: Ако се преиспитаа доказите во предметите досега ќе имавме прочистено судство

Павле Трајанов

Довербата во судството ќе се вратеше доколку паралелно се одвиваа два процеса, оној за филтрација, како и оној за преразгледување на монтираните процеси, изјави за „Слободен печат“ пратеникот Павле Трајанов, кој неодамна поднесе предлог закон што би ги опфатил предметите во кои се користеле некредибилни докази или пак воопшто немало докази и покрај донесената пресуда.

-Процесот на создавање кредибилно судство е сложен процес. Ние имавме конкретен предлог да се направи ревизија на работата на секој судија, односно како работел досега и евентуално размислувавме на некој начин да се ограничи мандатот на судијата, односно да се преиспитува на секои седум години, па ако го помине филтерот нека продолжи да работи. Со предлогот за законот за монтирани процеси сметам дека ќе се види улогата на државно-политичкиот врв, меѓу кои и на институциите како МВР, АНБ, обвинителите, судот… Такви десет процеси да се отвореа и преразгледаа досега ќе имаше прочистување. Ова што Министерството за правда го отвори ќе видиме како ќе се одвива, но не е доволно изграден систем за да влева доверба дека успешно ќе се спроведе прочистувањето, изјави Трајанов.

Тој дополни дека сепак е добро од некаде да се почне, потенцирајќи дека процесот на преиспитување на користените докази во судските предмети ќе ги изваделе на површина политичките и бизнис интереси поради кои граѓани лежат во затвор.

Давитковски: Чистката требаше да почне од монтираните процеси, тогаш ќе видевме кој е „сваровски судија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот