Трајан Ангелоски ќе ја замени Данела Арсовска на чело на Сојузот на стопански комори

Трајан Ангелоски / фото: ССК

Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и тој доаѓа на местото на Данела Арсовска која ја напушти функцијата откако стана градоначалничка на Град Скопје, соопшти Сојузот.

Собранието на ССК денеска на седница го потврди изборот на Ангелоски. Тој е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал”, со која раководи повеќе од десет години. Досега беше претседател на Индустриска комора, a по професија е машински инженер и магистер по технички науки.

Како што соопшти Сојузот, активностите на новиот претседател ќе бидат насочен кон заштита на претпријатија и унапредување на организациската структура на ССК.

-Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото и на семејни мали и средни компании чиј раст и развој ја носи целокупната економија напред. Ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа, вели Ангелоски.

На предлог на новиот претседател избрани се и тројца нови потпретседатели, Александра Андреева, член на Управниот одбор на Сојузот, Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора и Ивица Јакимоски претседател на Градежната комора, а потврдени се и досегашните потпретседатели Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители и Габриела Кулебанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот