Трагикомично e сега да се апелира да се купуваат македонски производи

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да труби дека економијата треба да се спасува со купување македонски производи. Дали ВМРО-ДПМНЕ не знае дека Македонија е узвозно зависна од храна и дека речиси сите продавници за облека и за други производи се затворени? Кои македонски фабрики во моментов ќе ги спасуваме со купување македонски производи, како што тие со денови алармираат?

Популистички е и трагикомично e во вакви услови да се апелира да се купуваат македонски производи. Уште поаматерски е да се каже дека тоа е начин на спасување на македонската индустрија. Тоа, во некое нормално време, без здравствена криза, кога на пазаров се борат нашите производи и оние дојдени од странство, е добар маркетинг за подигање на националната свест за домашното производство. Но сега, кога веќе се чувствува битката за обезбедување храна поради затворањето на национални економии за некои производи, како и поради транспортните бариери, реченицата: „Купувајте македонски производи“ е маркетинг за замајување на народот.

Прочитајте и...  Читајте го бесплатно он-лајн викенд бројот на Слободен печат

Од стратешките производи, Македонија има доволно свежо свинско месо, а јајца има за извоз. Потребите од пченица и брашно обично се задоволуваат со две третини од дома, но годишно се увезуваат и 110.130 тони пченица. Македонија е увозен зависник и на пилешко и на говедско, како и на преработки за месната индустрија, која пак сама ни оддалеку не може да ги задоволи потребите на граѓаните. Увозот на пилешко месо претставува најголем дел од вкупниот увоз на агропрехранбени производи.

Според податоците на Стопанската комора, во 2018 година биле увезени околу 25 илјади тони пилешко месо. Македонија е нето-увозник и на млеко и на млечни производи, за што годишно се трошат по 50 милиони долари. Немаме доволно ни масло за јадење.

Прочитајте и...  Таравари: ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ делат маски - Политичка влада што поскоро тоа подобро (ВИДЕО)

Во Македонија многу малку се одгледува сончоглед, а го откупува велешката фабрика „Благој Ѓорев“. Оваа фабрика има капацитет за преработка на 40.000 тони сончоглед, но лани, и покрај договорното производство, откупи околу 6.000 тони. Маслото „Брилијант“ се добива со рафинирање на увезен полупроизвод, а дел од количините со масло за јадење во земјава се задоволуваат со увоз на готов производ од Србија. Како показател за нашата зависност од различни видови масла за јадење е и податокот што вкупниот увоз, од различни земји, на животински и растителни масла, масти и восоци, минатата година бил 44.782.000 евра.

Во вакви услови, добро ќе биде само да се обезбеди храна – од каде и да е. Секако, треба да се зачуваат и македонските фабрики. Здравствената криза вклучи аларм дека на нив, како и на земјоделството, треба да се мисли многу повеќе!

Прочитајте и...  Д-р Беќаровски: Прес-конференција во Инфективната клиника за народот конечно да сфати дека сме во војна со невидлив непријател, јавен апел до Османи, Села и Таравари (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Скопјани ги фати страв од коронавирусот (ВИДЕО)

АНКЕТА: Штом не ги почитуваме мерките, нека има полициски час

Михаило Донев

Читајте го бесплатно он-лајн викенд бројот на Слободен печат

Слободен печат

Ангела Меркел ќе ја спасува и македонската економија

Грција не воведува забрана за влез од Македонија: Покрај вирусот расте и заразата со лажни вести

Слободен печат

Отец Стефчо: Да не може да се оди на гробишта и во црква е изживување со народот

Мирослава Бурнс

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Интервју со петте жени кои придонесоа успешно да се трансплантира првото срце во Македонија

Јасмина Кантарџиева Димков

Таравари: ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ делат маски – Политичка влада што поскоро тоа подобро (ВИДЕО)

Слободен печат

Д-р Беќаровски: Прес-конференција во Инфективната клиника за народот конечно да сфати дека сме во војна со невидлив непријател, јавен апел до Османи, Села и Таравари (ВИДЕО)

Слободен печат

Викенд на мртовци, а не е комедија

Сашо Орданоски

Стравот од коронавирусот се измеша со стравот од изборите

Слободен печат на Инфективна клиника: Коронавирусот постои и никој не е имун на него (ФОТО+ВИДЕО)

Мими Шушлеска Петкова