Трагичниот крај на Маргита Стефановиќ: Беше рок-принцеза во Југославија, а умре како бескуќница

Маргита Маги Стефановиќ
Маргита Маги Стефановиќ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Маргита Маги Стефановиќ беше клавијатуристка на легендарната рок-група Екатарина Велика, која и ден-денес важи за икона на новиот бран и рок музиката во поранешна Југославија. Со текот на времето, Маги се здобила со титулата „црна принцеза“ на новиот бран, а подоцна титулата ѝ се претворила во судбина. Поточно кажано – црна судбина, бидејќи завршила сама, заборавена и отфрлена од сите.

Маги е родена на 1 април 1959 година, како единствено дете на српскиот театарски и ТВ-режисер Славољуб Стефановиќ Раваси. Средното музичко училиште го завршила во класата со Иво Погорелиќ со кого земала приватни часови кај рускиот професор Тимикин. Како апсолутен слухист и, покрај Погорелиќ, најталентирана во класата, таа добила понуда да го продолжи образованието на московскиот конзерваториум. Сепак, таа ја одбила понудата и се определила да студира архитектура во Белград, а дипломирала во 1984 година.

Меѓутоа, нејзиниот живот се променил кога во 1982 година го запознала Милан Младеновиќ. Маги го воодушевила Младеновиќ со нејзиниот изглед и талент, а тој веднаш ѝ понудил место во музичката група која прво била именувана Катарина II, а потоа и Екатарина Велика.

Маги се занимавала со многу работи во тоа време – компонирање, продукција, па дури и актерство. Таа била една од најприсутните личности на белградското боемско-културно окружување. Таа имала големо влијание врз музиката на Екатарина Велика и сè уште е синоним за оваа група.


Во Екатарина Велика била до 1994 година, односно сѐ до смртта на Младеновиќ, но и потоа продолжила да се занимава со музика. Сепак, иако професионално многу успешна, Маргита се борела со своите „демони“. Таа се борела со тешка зависност од дрога, нешто што ескалирало откако нејзиниот татко починал во 1996 година.

Се обидела да се избори со својата зависност и да си го спаси животот, но во тој потфат изгубила сѐ. Таа го продала семејниот стан и купила два помали во предградието на Белград, а остатокот од парите го искористила за патување во Индија.


Животот во далечната земја не ѝ ја донел посакуваната промена, па се вратила, ги продала двата стана, ги потрошила сите пари и станала бескуќница. Кон крајот на животот се преселила во напуштена гаража во предградието на Белград, каде што живеела сама и напуштена од сите. Подоцна, завршила во белградското прифатилиште за бескуќници.

Маги починала на 18 септември, 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот