Трагичната судбина зад насмевката на Рита Хејворт: Злоставувана, изневерувана и тепана…

Рита Хејворт
Рита Хејворт / Фото: Profimedia

Во 1940-тите беше нарекувана „божица на љубовта“, а исто така беше една од најбараната пин-ап девојки и импресивна танчерка. Сепак, животот на Рита Хејворт зад сцената бил турбулентен и трагичен.

Ја нарекоа првата принцеза од Холивуд. Рита Хејворт всушност била, нешто најблиску до живата Пепелашка. Во 1940-тите медиумите ја профилираа како провинцијалка која успеала да го оствари американскиот сон. Но, тоа било далеку од вистината.

Родена на 17 октомври 1918 година, во семејство на танчери и забавувачи, Рита, со вистинско име Маргарита Кармен Кансино кога научила да оди, веднаш почнала да танцува. Нејзиниот дедо бил Антонио Касино, шпански танчер кој е заслужен за популаризација на болерото во САД. Неговиот татко, роден во Шпанија, Едуардо Касино, исто така бил истакнат танчер кој го преселил семејството во Холивуд за да може приватно да ги учи ѕвездите да танцуваат. Нејзината мајка Волга била дел од групата за танцување и пеење „Ziegfeld Follies“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

За време на големата депресија, односно економската криза, Едуардо останал без муштерии, па решил да ја искористи својата ќерка за да заработи пари. Кога наполнила 12 години, Маргарита му била партнерка за танцување на нејзиниот татко, а дуото настапувало под името „The Dancing Cansinos“.

На Маргарита, која изгледала постаро од што била, не ѝ било дозволено да настапува во американските клубови, па танцувала со својот татко во зачадените казина во Тихуана, Мексико. Сите ги сметале за маж и жена, а на Едуард тоа воопшто не му пречело.

Маргарита го презирала својот татко. Освен што ја тепал и ја терал на со часови да вежба танцување, тој речиси секојдневно сексуално ја злоставувал. Шокантниот детаљ на авторката на биографијата на Рита, Барбара Лиминг, го открил нејзиниот втор сопруг, режисерот и писател Орсон Велс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

„Едуардо ја силувал попладне, а навечер танцувал со неа“, напиша Лиминг.

За време на еден од настапите во Тихуана, Маргарита Кармен била забележана од продуцентот на филмското студио „Фокс“. Ја повикал на аудиција, а веднаш потоа ѝ понудил шестмесечен договор со студиото. Маргарита, тогаш вистинска латино девојка со темна коса и очи, добивала само помали улоги и останала незабележана. Договорот не ѝ бил продолжен, а Маргарита морала да се врати на животот со нејзиниот татко.

Својата шанса да избега ја добила кога наполнила 18-години, кога го запознала бизнисменот Едвард Џадсон, кој во тоа време имал 41 година. Едвард веднаш видел можност за заработка во Маргарита и ја одвел во Лас Вегас. На наивната и млада Рита ѝ се допаднал Едвард бидејќи мислела дека тој навистина сака да ѝ помогне во нејзината кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

Тие набрзо се венчале, но биле далеку од среќна брачна двојка. Џадсон, која ја презел улогата на нејзин менаџер, наводно ја „позајмувал“ на влијателни бизнисмени за да ја направи ѕвезда.

Во 1937 година, Маргарита потпишала договор со „Columbia Pictures“. На почетокот добивала помали улоги, главно глумејќи „егзотични“ танчерки. Набрзо сфатиле дека можат да ја направат холивудска ѕвезда само ако се ослободат од нејзиниот „латино“ изглед. Маргарита го сменила името во Рита и го зела моминското презиме на мајка си. Темните локни ги заменила со огнено црвена коса, а за секоја пригода била гламурозно облечена. Таа ослабела и почнала да посетува часови по глума, а набрзо „паднале“ и првите насловни страници кои ги красела со својата убавина. Медиумите брзо се вљубиле во неа бидејќи таа не се срамела од фотографите, за разлика од другите тогашни диви.

Во 1940 година, „новата“ Рита почнала да се појавува во филмови со звучни имиња како Кери Грант и Џоан Крафорд. Својот прв вистински хит го добила следната година, со улога во филмот „Strawberry Blond“, а потоа го снимила и „Blood and Sand“. Колку поуспешна станувала, толку повеќе Едвард се плашел дека таа ќе го остави и ѝ се заканувал дека ќе ја полие со киселина и ќе ѝ го уништи лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

Но, Рита ги исполнила стравовите на Џадсон и поднела барање за развод во 1942 година, а како главна причина ја навела неговата „суровост“. Во бракоразводната парница, таа му ја предала целата заработка на Едвард само за да се ослободи од него.

Набрзо го запознала својот втор сопруг, режисерот и писател Орсон Велс, кој се вљубил во сензуалната Рита уште кога ја видел нејзината фотографија во едно списание. Двојката се венчала, а Рита го родила своето прво дете, ќерката Ребека. Во тоа време таа веќе била една од најпрофитабилните холивудски ѕвезди, а нејзиниот талент за танцување крадел воздишки на великани како Фред Астер, со кој глумела во два филма.

Од 1944 до 1947 година, Рита била „хит девојка“. Нејзините фотографии и филмови биле најпопуларни меѓу американските војници кои се бореле во Втората светска војна. Нејзината популарност во тоа време го постигнал пикот со филмот „Shawshank Redemption“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

Војската на САД била толку фасцинирана од улогата на Рита во филмот „Gilda“ што токму нејзината фотографија се појавила на тест атомската бомба фрлена на американско тло во 1946 година.

Сè изгледало идеално, но Орсон набрзо сфатил дека Рита е „фатална“ само на големото платно, додека во реалниот живот била несигурна и посесивна. Во првите две години од бракот, режисерот ја изневерувал со неколку жени, меѓу кои и Џуди Гарланд. На Велс почнала да му пречи нејзината „експлозивна“ природа. Во моментите на бес, таа кршела сè во нивниот дом.

Нивниот брак пропаѓал, а Рита среќата ја барала во голем број кратки афери, вклучувајќи ја и онаа со индустријалецот Хауард Хјуз, со кого остана бремена. Таа решила да отпатува во Европа и да абортира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

Скандалозна венчавка

Во Кан во 1968 година, таа го запознала принцот Али Кан, син на султанот Мухамед Шах, водач на исламистичка секта. Принцот бил познат како голем заводник, а Рита веднаш „паднала“ на неговиот шарм. Веќе следната година, парот се венчал, а нивната венчавка била прогласена за контроверзна бидејќи Рита, технички, сè уште била во брак со Велс. Поради „аферата“ дел од публиката ги бојкотирала нејзините филмови, но спектакуларната венчавка го одбележала и создавањето на „првата холивудска принцеза“.

На крајот на годината, Рита го родила нивното единствено дете, ќерката по име Џасмин Ага Кан. На актерката не ѝ се допаднал начинот на живот што го водел Кан во Европа и не можела да научи француски. За време на нивниот брак, Рита била толку посесивна што добивала напади на паника кога Али одел на бербер. Но, таа со право се плашела бидејќи, се шпекулирало дека Али ја изневерувал на сите страни.

Рита решила да се врати во САД со своите ќерки во 1951 година, а две години подоцна и официјално завршил нејзиниот брак со Али. Колапсот на бракот ја докрајчил, иако се вратила на својата професија, таа почнала да пие повеќе од било кога. Тогаш кулминирала нејзината долгогодишна кавга со шефот на нејзиното филмско студио, бидејќи таа одбивала улоги и се заканувала со тужби. Нејзините познаници забележале дека таа почнала да се однесува автодеструктивно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

Нејзините последни два брака биле „зачинети“ со жестоки кавги и физички пресметки во јавноста. Пејачот Дик Џејмс ја запознал Рита кога неговата кариера пропаѓала и тој се „гушел“ во долгови.

Пејачот наводно физички ја малтретирал Рита, а во една прилика ѝ удрил шлаканица во популарен клуб во Лос Анџелес, што воедно било и крајот на нивниот двегодишен брак. Според наредбата на лекарот, Хејворт ги поминала следните неколку дена во кревет за да се опорави. Во тоа време, 37-годишната Рита изгледала многу постаро, криејќи ги брчките од големиот стрес и алкохолот под еден тон шминка.

Нејзиниот последен сопруг, продуцентот Џејмс Хил, бил „последната капка“ за Рита. Иако биле во брак само три години, Хил психички ја малтретирал и ѝ се заканувал, спротивставувајќи се на нејзината желба да престане да глуми во холивудските филмови. Хил ја третирал Рита како роб, за што сведочел и Чарлтон Хестон, кој еднаш вечерал со парот.

„Ѝ викаше додека не заплачеше и почнуваше да се тресе“, раскажал актерот и додал дека никогаш нема да си прости бидејќи тогаш не ѝ помогнал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Hayworth (@rita_hayworth)

Смрт од „мистериозна болест“

Познатата актерка почина во 1987 година на 69-годишна возраст од компликации предизвикани од Алцхајмерова болест, која ѝ била дијагностицирана седум години претходно. Нејзината ќерка Џасмин Ага Кан, која се грижела за Рита во последните години од животот, сметала дека нејзината мајка почнала да добива симптоми многу порано, но тогаш не се знаело многу за Алцхајмеровата болест.

Кога почнала да ги заборава своите дијалози, нејзините колеги и филмската екипа мислеле дека претходната вечер испила многу алкохол, но во реалноста тоа биле почетоците на нејзината болест. Рита стана првата јавна личност за која се знае дека боледувала од Алцхајмерова болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот