ФОТО | Трагичната смрт на Џон Кенеди и Керолин Бесет и денес е мистерија – Имале живот како од бајките, но зад затворени врати сѐ се распаѓало

џон кенеди џуниор керолин бесет
ФОТО: PATRICK SICCOLI / Sipa Press / Profimedia

Секој нивен чекор бил следен и сите зборувале дека Бесет ќе биде следната Џеки Оназис. Атрактивната русокоса ги освојувала луѓето со нејзиниот префинет стил на облекување, убавина и мистериозност. Керолин Бесет и Џон Кенеди Помладиот загинаа во авионска несреќа на 16 јули 1999 година, заедно со нејзината сестра Лорен, а остана нејасно зошто се одлучиле на тоа патување среде ноќ.

Синот на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди, Џон Кенеди Помладиот, на почетокот на 90-тите медиумите го следеле на секој чекор и ја носел титулата – најсексапилниот маж на светот.

Сите биле заинтересирани која жена ќе успее да го скроти Џон, а на неговиот долг список на девојки се наоѓале многубројни убавици, меѓу кои Сара Џесика Паркер, Мадона, Синди Крафорд, Дерил Хана и Брук Шилдс. Меѓутоа, неговото срце го освои Керолин Бесет.

Елегантна и мистериозна

Бесет работела за модната куќа „Келвин Клајн“ и многу брзо напредувала, па станала главна за односи со јавноста. Токму таа работа ѝ ја овозможила судбоносната средба со Џон. Имено, тие се запознале во 1994 година на забавата на дизајнерот Келвин Клајн, а Керолин Бесет веднаш го освоила Кенеди. Тој ја поканил на рандеву, таа го одбила, а тоа му било уште попривлечно, бидејќи не бил навикнат на луѓе што не паѓаат на неговиот шарм.

„Ми рече: „Ѝ звонев и не ми се јави“. Тоа не му се допадна. Не можеше да верува дека го одби. Тоа никогаш порано не се случило. Таа, всушност, не веруваше дека тој е сериозен во намерата“, раскажал своевремено колега на Џон. Наскоро Керолин го променила своето мислење и ја прифатила поканата за рандеву.

Кога станале двојка, биле често на мета за папараците и таблоидите. Секој нивен чекор бил следен и сите зборувале дека Бесет ќе биде следната Џеки Оназис, инаку, мајка на Џон. Керолин Бесет ги освојувала луѓето со нејзиниот префинет стил на облекување, убавина и мистериозност. „Штом првпат ги видов заедно, знаев дека помеѓу нив постои нешто посебно“, изјавил Тед Кенеди, вујкото на Џон.

Во летото 1995 година Керолин се вселила во станот на Кенеди, а една година подоцна се свршиле. Парот се венчал далеку од очите на јавноста на 21 септември 1996 година во Камберленд во мала дрвена капела. Тие не сакале на церемонијата да присуствуваат медиуми и успеале да го избегнат тоа. Но, сепак, протекле некои детали, како тоа дека во црквата немало електрична енергија и светлината ја пружале стотици запалени свеќи. Младенците осмислиле емотивни завети, кои си ги рекле еден на друг пред гостите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cluelessmoii

Проблеми во рајот

„Никогаш не сум бил посреќен во животот“, рекол кумот и пријател на Џон, Ентони Реџвил, на денот на нивната венчавка. Но, не беше сè толку бајковито. Имено, Керолин доцнела два часа на венчавката бидејќи имала напад затоа што не можела сама да ја облече венчаницата. Двојката отишла на меден месец во Турција, а веднаш по враќањето во Америка, папараците почнаа да ги малтретираат. По враќањето од медениот месец, на прагот ги пречекале стотици фотографи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolyn Bessette (@carolynbessette)

Керолин поради огромното медиумско внимание станала анксиозна, нервозна и фрустрирана, па тешко ѝ паѓало што јавноста го сецирала нивниот однос и животи до најмалиот детаљ. Но, тоа не бил единствениот нивен проблем. Џон сакал да има деца со Керолин, додека таа не сакала и се трудела да не остане бремена. Таа не можела да замисли да ги воспитува децата под лупата на јавноста. Поради тоа, парот сѐ почесто имал расправии и нивната идилична љубов набрзо прераснала во дисфункционален однос.

Постојано протекувале фотографии во јавноста како се расправаат на улица, како Џон ја влече Керолин за коса или моментот кога таа го вади прстенот од рака и вика на него. Тие одбивале да даваат интервјуа и не прифатиле ниту една понуда да се појават во бројни модни списанија. Керолин се занимавала со хуманитарна работа па често била гостинка на политички настани и вечери, особено во Белата куќа.

Таа и Џон биле добри пријатели на тогашниот американски претседател Бил Клинтон. Се појавувале и обвиненија дека Керолин консумира кокаин и дека поради тоа потполно се променила. Нејзините пријатели жестоко ги негирале тие тврдења.

Наводно таа била љубоморна на сите претходни жени на Џон, вклучувајќи ја и неговата сестра Каролина Кенеди. Поради проблемите во бракот, сѐ до смртта се смета дека тие живееле одвоено. Луѓе што биле блиски со сопружниците рекле дека Кенеди сакал Бесет да побара помош, а и двајцата размислувале за развод. Но, сакале да си дадат време со надеж дека некои работи би се промениле. Заедно заминале на неколку романтични патувања, оделе на терапија, но единствениот проблем бил што Бесет никако не сакала да признае дека е зависна од лекови.

Керолин и Џон загинаа во авионска несреќа на 16 јули 1999 година, заедно со нејзината сестра Лорен. Со малиот авион управувал Кенеди, а тој не сакал да има копилот. Авионот паднал во море поради компликации со моторот, а пет дена подоцна нивните тела биле пронајдени на дното од морето.

Со обдукцијата било утврдено дека во крвта на жртвите немало траги на дрога и алкохол, иако до денес остана мистерија зошто заминале на патување доцна во ноќта. Уште позбунувачки е тоа што ногата на Џон била повредена и немал доволно искуство да управува со авион.

Бесет имала 33 години, а Џон Кенеди 38.

Видео на денот