Трагичната приказна за жената која стана лицето на „Големата депресија“

Фото: Доротеа Ланге

Загрижена мајка си ја потпира главата со раката, со намуртени веѓи и поглед во далечина. Две девојчиња го кријат лицето во нејзиниот врат, додека во скутот ѝ спие мало бебе. Сите се валкани, а облеката им е истрошена и стара, пренесе хрватски „Експрес“.

Црно-белата фотограгфија направена во 1936 година во Нипомо, во сојузната американска држава Калифорнија, стана позната како „Мигрантската мајка“, една од најлегендарните фотографии на „Големата депресија“. Ова дело на фотографката ѝ донесе слава и мало богатство, но со децении никој не го знаеше идентитетот на мајката и нејзините деца.

Фотографката Доротеа Ланге, тогаш на возраст од 40 години, се упатила дома во Сан Франциско откако шест недели фотографирала мигранти-работници во тогашната Управа за преселување. Пред само кратко време, таа ги фотографирала богатите социјалисти од Сан Франциско, но потоа го пренасочила својот објектив на луѓето со проблематични животи, откако ги гледала сиромашните луѓе кои шетале на улиците под нејзиното студио.

Фото: Доротеа Ланге

Првата нејзина фотографија која ја документира Депресијата е направена во 1933 година и е наречена „Белиот круг на ангели“, а во 2005 година е продаде за неверојатни 804 илјади долари на аукција.

Ланге, која меѓу свои пријатели вброи и други познати фотографи како Ансел Адамс, беше во групата на фотографи која владата ги ангажирала да ги документира условите на „Големата депресија“, со цел да помогне на подигување на социјалната светс и зајакнување на поддршката за владините програми.

Суровата реалност

Ланге била на пат кон дома кога во Нипомo го забележала знакот „Камп на берачи на грашок“. Била уморна и сакала да продолжи, но нејзиниот уметнички сензибилитет ја натерал да застане и да ја открие глетката која потоа се претвори во една легендарна фотографија.

– Го следев мојот инстинкт, а не мојот разум. Видов гладна жена, мајка и ѝ пристапив бидејќи ме привлече како магнет. Не помнам како ѝ објаснив што работам, но знам дека не поставуваше многу прашања – раскажа Ланге во 1960 година.

На таа локација, повеќе од 2.500 работници пристигнале да берат грашок, но немале што да берат бидејќи силен дожд го уништил целиот род. Ланге претпоставувала дека жената и нејзините деца е меѓу тие работници.

– Ми рече дека сме врснички, 32 години. Објасни дека живеат од замрзнат зеленчук од околните полиња и птиците кои децата се убивале да ги уловат. Седеше во шаторот со децата околу себе и изгледаше дека почнува да сфаќа дека фотографиите би можеле да и помогнат, па соработуваше. Имаше еден вид на еднаквост во тоа – рече Ланге.

Таа направила шест фотографии од мајката и нејзините деца и ги продала во „Сан Франциско њуз“ по цена од 150 долари. Тие ги искористиле за приказната за работниците-мигранти кои гладуваат на полињата. Набрзо потоа, фотографиите на Ланге имале голем ефект – итно е испорачан еден тон на храна за гладните работници.

Повеќе од 40 години подоцна, новинарот Модесто Би успеал да го пронајде вистинскиот идентитет на „Мајката минграт“.

Вистинскиот идентитет

Флоренс Леона Кристи е родена 1903 година, во Чироки, во денешната сојузна држава Оклахома. Се омажила на 17 години и набрзо се преселила со својата голема фамилија во Калифорнија, во раните триесети години на минатиот век. Останала бремена со своето шесто дете, но тогаш нејзиниот сопруг починал од туберкулоза.

Флоренс започнала да работи на полињата за да може да ги издржува своите деца, а таму се запознала и омажила со друг маж, Џим Хил, со кој потоа имала уште деца. Како берачка на памук, Флоренс своите бебиња ги ставала во вреќи и ги носела на грбот додека работела, наведува Пи-Би-Ес.

– Секој ден собирав од 200 до 250 килограми памук, а самата немав ниту 50 килограми. Едно време со децата живеев под мост. Немавме ниту шатор, само старо распаднато кебе – раскажала таа.

Во март 1936 година, Џим Хил и нивните деца биле на автопатот 101 на пат кон фарма за берење на репки, кога нивниот автомобил се расипал во близина на кампот за берење грашок. Условите во кампот ги шокирале.

Џим Хил и две момчиња останале во градот за да гледаат како се поправа нивниот автомобил, додека Флоренс го поставила импровизираниот шатор со девојчињата во кампот, каде ги чекале да се вратат.

Тогаш се појавила и фотографката, а се било готово за 10 минути. Ланге отишла по својот пат, а семејството по својот.

Славната мајка на депресијата

По Втората светска војна, Флоренс се преселила во Модесто, кадешто работела во болница. Во животот се мажела уште еднаш, за администратор во болницата каде што работела, а нејзниот живот со тек на време станал релативно конвенционален и убав.

Нејзиното лице на фотографијата „Мигрантска мајка“ на фотграфката Ланге ѝ донела голем престиж, стекнувајќи висока репутација во фелата. Добила и стипендија во Гугенхајм во 1941 година, а починала од рак во 1965 година.

Сепак, фотографијата била извор за горчина на децата на Флоренс, кои сметале дека и самите требале да имаат некаква корист од неа. Тоа се случило во 1983 година, кога нивната мајка се соочувала со здравствените последици од рак и мозочниот удар кој го имала. Тогаш, нејзините деца добиле донација од 35.000 долари за трошоците за лечење.

Фото: Stephen Chung / Alamy / Alamy / Profimedia

Американската поштенска служба во 1998 година ја искористила „Мигрантската мајка“ во ограничена серија на поштенска марка со насловот „Америка ја преживува депресијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот