Трагичен крај на потрагата: Скопјанец исчезнат во јуни пронајден мртов над Драчево

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Телото на скопјанец кој бил пријавен за исчезнат уште во јуни е пронајдено вчеравечер на патот од Драчево кон месноста Три круши, соопшти полицијата.

„На 16.11.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Драчево, на патот кон место викано „Три круши”, било пронајдено тело на починато машко лице, без траги на насилство. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за В.Д.(31) од Скопје, за кој на 01.06.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот“, велат од МВР

Оттаму додаваат дека по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот