20.8 C
Скопје

Трагедија заради селфи? 20 годишно момче од Војводина се качи на вагон, го убија 25.000 волти

Бојан Алексиќ (20) од Кленак, Војводина, почина вчераутро околу 3 часот на железничката станица во Рума, кога од засега непознати причини се обидел да се качи на товарниот воз, од кој бил погоден од електрична енергија од контактната мрежа од 25 000 волти.

Младиот човек почина веднаш, а „Инфраструктура на српските железници“ и компанијата „Србија карго“ изразија жалење за трагедијата што се случи и изразија сочувство до семејството на жртвата Алексиќ.

Според неофицијални информации, Бојан се враќал таа вечер со уште еден пријател од прославата на Ѓурѓовден. Двајцата пристигнале на железничката станица во Рума, област во Војводина, и го чекале возот за Шабац, кој поминува и застанува на железничката станица во Кленак.

– Додека беа на станицата, Бојан во еден момент реши да се качи на вагонот. Полицијата излегла на лице место веднаш по пријавата, а бил информиран и надлежниот обвинител – раскажа извор истрагата за порталот Новости кој не можеше да потврди дали младиот човек сакал да направи селфи. – Првите информации  кои ги пренесоа локалните медиуукажуваат дека тој бил повреден при обид да слезе од вагонот.

Еден млад човек од Шабац, кој бил со него, се обидел да му помогне, му истурил вода и го будел, но Бојан починал набргу од изгорениците што ги добил.

Веста за трагедијата на дваесетгодишното момче брзо се прошири низ Кленак. Соседите, пријателите, локалното население што го познаваат Бојан, имаат само пофални зборови, и за него и за неговото семејство.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар